Consulting Macedonia logo  


ЕУ нуди пари за рурален развој

Дневник, 11 Декември 2009 

Населението од локалните заедници ќе ги реализира своите идеи и визии за развој и намалување на разликите меѓу урбаните и локални средини преку ЛИДЕР-пристапот за интегриран рурален развој, кој е во пилот-фаза во нашата земја. До 2013 година програмата ЛИДЕР за развивање на економијата, во која одлучувачка улога има локалното население, треба да биде интегрирана во целокупниот национален развој на Македонија, заради европска иднина на руралните области.

Главната цел е да се подготват локалните средини за успешно искористување на средствата од претпристапните фондови на ЕУ за развој и за подобрување на квалитетот на животот. Во спроведувањето на оваа програма учествуваат Здружението за земјоделски маркетинг и рурален развој „Фагриком“ и Кралското норвешко друштво за развој „Норгес Вел“, а за пилот-општини се избрани Крива Паланка и Кочани, во кои веќе почнаа активностите за реализација на проектот.

За повеќе информации, кликнете тука.

 

16/08/2010
Втор ИПАРД-оглас во септември   
Дневник 14.08.2010

22/07/2010
Велешани добија пари преку ИПАРД   
Дневник 21.07.2010
14/07/2010
Не знаеме како до Еу- парите   

Дневник 14 Јули 2010