ЕУ-пари: како дошле, така отишле
Нова Македонија, 29 Декември 2009 Дури 63 милиони евра од европските пари завршиле кај странски консултантски компании и фирми што конкурирале за дел од средствата кои ЕУ ги вложува во Македонија. Европската Унија дава пари за земјава, но милионските суми завршуваат кај компании што ги изнесуваат надвор од државава. Консултантски куќи од Белгија, Франција, Грција, Германија, Италија и Полска конкурираат и ги добиваат тендерите што ги распишува Делегацијата на Европската комисија во земјава веќе пет години. Простата математика покажува дека над 63 милиони евра од европските пари се излеале кај странски компании во последниве пет години. За повеќе информации, кликни тука
|