Дали CSR стратегиите се исплатат?
(Превземено од: “Воглавно Јавно Блог“) Многу често бизнис менаџерите го поставуваат прашањето колку вреди да се “потроши” на CSR (CSR = Corporate Social Responsibility = општествена одговорност на компанијата) стратегија и дали спроведувањето на CSR активности воопшто се исплати? Неодамна Forbes објави статија на оваа тема, бранејќи го ставот дека практикувањето на CSR не и носи на компанијата позитивно влијание, заклучок преземен од истражувањето на David Vogel, работено на компании од Fortune 500 листата. За разлика од Vogel, и други експерти имаат направено слични анализи врз истите компании, но дошле до сосема поинакви сознанија. На пример, Goldman Sachs Report од 2007 година покажа дека меѓу шест бизнис сектори (енергија, рударство, челик, прехрана, пијалаци и медиуми), компаниите кои се сметаат за лидери во имплементација на ESG политики (ESG = Environment, Social, Governance policies) акциите им пораснале за 25% за 2 години во однос на нивните конкуренти. И според Domini 400 Social Index, компаниите кои практикуваат CSR имаат попозитивен перформанс. За повеќе информации кликнете тука.
|