Општествена одговорност на граѓаните – 2009
Извештајот "Општествена одговорност на граѓаните" доаѓа како резултат на потребата да се провери одговорноста на граѓаните во поширока смисла. Прашањето за чувство на припадност најпрво кон државата или кон друга (етничка) група е показател на развојот на општествената и на политичката култура. Мнозинството граѓани (61,1 %) најпрво се чувствуваат како македонски државјани/граѓани. Мнозинство од граѓаните (51,9 %) сè уште ја доживуваат државата како најодговорна во решавањето на општествените потреби. Високите очекувања кон државата, со пониски очекувања од самите граѓани (6,9 %) и скоро отсуство на очекувања од деловниот сектор (1,6 %), оди во прилог на етатистичката култура, како остаток на државниот социјализам, односно мала јавна поддршка на устројување на Македонија како либерално-демократски уставен систем. Вербата во солидарноста на граѓаните е зголемена на 49,3 % од 39,3 % во 2007 г. и од 26,4 % во 2004 г. За повеќе информации кликнете тука.
|